Јубелеен 5-ти Скопски Маратон прикажан од една поинаква перспектива

07 Maj 2017, ден што со нетрпение се чека цела година. Ден кога улиците во градот им припаќаат на тркачите: петкашите, штафетарите, полумаратониците и оние Гладијаторите Маратонците. Ден кога се е во знакот на Скопски Маратон.
Оваа година беше мое јубилејно 5-то издание од 2012. 4 полумаратони и 1 маратон минатата година.
Сите настани кои претходеа, сите стории и сите подготовки од страна на организацијата беа на место. Се што се случуваше во подготовките на СКМ @skopskimaraton најавуваше европски/светски организирана трка. И би така. За среќа од 2012 па навака трчањето ме однело на трки во неколку балкански и европски градови и слободно можам да кажам дека организацијата на Скопски е некаде меѓу подобрите. Некои коментираат дека котизацијата од 10 евра била скапа. Би сакал сакал некои од таквите мисленици да отидат во Виена или некоја друга Еврпска трка и платат 50-70 евра и добијат што ќе добијат. Се разбира ако гледаме прогресивно секогаш има и треба да има простор за напредок.
0-02-05-aea48bae05022a89a86f3ee26ab77a27fe25201ffcf52a0d21ae3cf0da691038_full
Оваа година уште од самото пријавување некаде во Септември (без оглед колку не спремен бев во тој момент) изразив желба да бидам Pacemaker. И заедно со Александар Смилков бевме „зајаци“ на полумаратон за 2:15 минути.
Веќе неколку годинин наназад трчањето ми претставува чиста забава.
Како што тргна трката така почнаа тркачите позади нас да се зголемуваат. Но нема да зборувам за текот на трката ниту тоа што необјаснето  „пукнав на 18-ти км“. Сепак зборуваме за long distance трчање, за еден тон фактори кои треба да се поклопат.
20170507_084158

Некаде на 2 км на Илинденска

Иако групата зад нас се згоелмуваше за прв пат откако сум дел од СКМ не памтам кога улиците биле толку празни.
Стартот на Плоштад подпросечно посетен со народ. Преку Камени мост излегуваме пред Влада……..штама, Илинденска празна. Ми се вратија сликите од минатата 2016 кога го почнуваваме вториот круг на Маратонот. Оваа година сликата ме дочекува на самиот старт………. Преминуваме партизанска шофери „заглавени на семафори“ нервозни, едвај чекаат да поминеме. Никој ниту да свирне да даде поддршка, излегле од возилата и со поглед ти кажуваат што бараат овие тука, ајде побргу нека поминат. Вртиме кон Влае исто……. Назад по Теодисој Гологанов пустелија…..живо пиле нема. Џабе беа сите повици на организациајта за публика, веројатно џабе беше се.
Дури и оние стандардно гласните кафе барови долж траста на трката (нема да ги именувам) оваа година беа со атмосфера мислиш си во Библиотека. Не знам можеби газдите мислат дека потрошувачката на електрична енергија правопропорционално се зголемува со гласнта музика што ќе ја пуштат. Скопските „фраери“ што недела вообичаено тераат „шема“ веројатно им беше многу рано да излезат и да ги бодрат тркачите. Гарант заглавиле саботата вечерта во некоја „шема“.
Додека да стигнавме до Рекорд 5-ките веќе завршиле и рекордниот број на пријавени на 5-км веќе си седнале да се сликаат и тагнат на некоја од социјалните мрежи, кој ги врти полумаратониците и маратониците. Тие си го завршиле своето………па нели рекорден број на учесници. Да, ама учесници, а не тркачи  и навивачи. Би сакал барем 1% од тие 5-ки идната година се пријават на некоја до поголемите трки и на своја кожа осетат што значи да немаш подршка.
На рекорд стандардно гужва, галама и фоторепортери и Мрки не знае каде тера кога ќе ја види Раде 🙂
18278855_10213360495553199_4047151960495310649_o.jpg

На рекорд, сите право Мрки настранично 🙂

Само што го поминавме Собрание каде што знае да врие од народ за Партиски митинзи повторно штама. Па да му се сневиди вторник и петок на автобуските има повеќе народ за гратис превоз отколку што имаше дента публика……Повторно штама. Го слушаме само чекорот на трчањето и нормално нервозното свирење на шоферите на раскрсниците. Па добро бе П@*%а ли му Мајчина еден ден да ги оставевте тие мочани автомобили дома и да тргневте пешки. Уште одозгора се расправаат со сообраќајната полиција и упорно сакаат да пројдат, а да не спомнам дека и некои дури пролетуваа пред/зад самите тркачи. Тоа само ни ја потврдува возачката култура.
Влагаме во Аеродром на бул. Јане Сандански и почнува да се чувстува раздвиженост, ама не е тоа тоа. Не онолку колку што треба да има во една населба која е преполна со згради. Не знам можеби станарите биле на викенд во Грција или можеби се вратиле во родните места. Можам вака да набројувам до утре ама не е тоа поентата.
Да не биде се така црно да ги издвојам позитивите на денот:
  • Скопски докажа и покажа нека може да се носи и да организира трка во ваков Европски/Светски ранг. Сум кажал многу пати претходно дека СКМ ја има и ќе ја има мојата безрезервна поддршка.
  • Авто перална кај Беверли Хилс – вработен го сврте шмркот кон тркачите и не освежи баш кога поминуваме пред пералната. Со оглед на тоа што долж патекат има неколку перални можат „големите газди“ идната година во периодот додека се затворени улиците да го следат ваквиот пример и нудат освежување на тркачите, особено ова се однеусва за вториот круг кога знае да биде навистина тешко и жешко.
  • Даниел Ников (клошарот) – Колега од работа се нафати да истрча полутка без некое сериозно спремање. И успеа за некаде околу 2:20 минути. За разлика од Мацко ПГМ кој ескивираше и сега треба да части кафана.

    18359478_10155277982999740_8836249108248327193_o.jpg

  • Зехра Зеири – поранешен рекреативен тркач, мајка на малолетно дете. Земала Зехра извадила маса на булевар кај Тобако 2 и „илегално“ дели вода на тркачите. :). Гледам дечки и носат балончиња со вода, а Зехра се бори сама против сите (полу) маратоници. И ги паметам зборовите кога ме виде пукнат на враќање на 19-ти км……оооо душа тој

    18301300_1037173726416036_4257253609942652743_n.jpg

  • Неколку метри после Зехра, ете ја и „мојата Екипа“. Супруга и Три генерации Димитровски застанале на асфалтот на сонцето и ме чекаат да поминам. Уште и спремиле транспарент за бодрење. Со нив ете ги брат Гого и Боки и тие излегле да бодрат. Оваквите моменти не би ги менувал за ниту еден далеку побргу истрчан резултат.

    18341973_10154896925818183_5231811461092007191_n

  • На крај и позитивот на денот, 091RUNCrW. (https://www.facebook.com/091RUNCrW/)
    Деновите пред и за време на одржување на трката покажаа што во вистинска смисла значи рекреативно трчање и забава. Од организирање на паста парти претходниот ден до cheering зоната пред Собрание каде што заедно со „колегите“ од @BURTBTG навиваа и ги бодреа финишерите, не само своите, туку сите финишери. Извадиле конфети, мегафони, бакљи, застанале на сред улица и бодрат кој како ќе помине. БУДАЛИ. 🙂 Голем дел од нив, ако не и сите претходно веќе беа истрчале полумаратон и останаа со саати подоцна да ги дочекаат и Маратонците. А, знаете дека заврна околу 11 часот, така ? Се испразнија улиците си отиде народ по дома на суво. Е они не. Останаа, искиснаа ама му покажаа на овој народ како треба да се однесуваат кога има трка.

    18301699_10155315504583151_1088250490999125123_n

    Дочек на 091 crew member

Штета што градов нема повеќе вакви искрени тркачки банди. Сите нешто промовираат здрав живот, тренираат мислиш како рекреативци ќе направат светски времиња, сите глумат некои филмови и на крај забораваат на најважната работа, а тоа е забавата.
viber image

Како се дочекуваат маратонци некаде после 4-тиот час и истрчани 21 км

091RUNCrW you nailed it. Му покажавте на Скопје како се прави тоа.

И како за крај, некој ќе се најде навреден од текстот, некој ќе се најде пофален, јбг……..I don’t give a fuck, тоа е како јас го видов СКМ2017. Ако не сме спремни да прифатиме позитивна критика за да одиме напред и да се подобриме во тркачака, а богами и генерална смисла на зборот, не сме спремни ни да одиме напред како држава/народ.

Ќе си останеме таму кај што сме…….НА ДНОТО.
Со огромна почит,
Aлександар Димитровски,
38 годишен рекреативен тркач со истрчани 30-тина long distance трки во изминатите 5 години, посветен сопруг и татко на 2 малолетни деца.

33723493893_d1ac178e35_k

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s